Соопштение од 501-та седница на Судскиот совет на РСМ - 02.10.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 501-та седница на Судскиот совет на РСМ - 02.10.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 501-та седница одржана на ден 02.10.2024 година (среда) го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
- Донесе одлука со која Aнита Јорданова, судија на Основен суд Штип времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Берово, сметано од 10.10.2024 година, за период од 1 (една) година од денот на упатувањето;
–Донесе одлука со која за ВД претседтаел на Основен суд Берово се определува Анита Јорданова, судија на Основен суд Штип од 10.10.2024 година;
- Го разгледа Извештајот на Државниот завод за ревизија и донесе Заклучок да се достави допис до претседателот на Основниот граѓански суд Скопје да постапи по препораките дадени во извештајот согласно можностите;
- Донесе одлуки за престанок на функцијата судија поротник на Основен граѓански суд Скопје и тоа:
- на Виолета Блажевска, поради навршени 60 години старост и
-на Лидија Ристовска и Кристина Филиповска, по сопствено барање:
- Расправаше и донесе одлука по известување на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд со која постапката продолжува;
- Расправаше по извештаи на Комисии за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, така што:
- по едно барање донесе одлука за запирање на постапката;
-по едно барање донесе одлука за изрекување на дисциплинска мерка јавен укор за повреда по член 74 став 1 алинеја 2 и став 3 алинеја 1 и член 76 став 1 алинеја 7 од Законот за судовите;
6.-Разгледан е допис -информација од член на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на Основен суд Кавадарци во врска со апликација на кандидат за претседател на Основен суд Каварадци и донесена е Одлука со која се става вон сила одлуката содржана во извештајот на Комисијата со која е одлучено постапката да продолжи за кандидатот Лазар Нанев бидејќи постојат законски пречки за продолжување на постапката за избор на претседател на Основен суд Кавадарци и
-Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Кавадарци;
-Разгледано е барање од тројца судии за дополнување на листа на судии кои ги исполнуваат условите за ментори во Академијата за судии и јавни обвинители согласно закон и по дискусијата се констатира да се достави допис до Академијата за судии и јавни обвинители со кој се дополнува листата со тројцата судии;
-Разгледан е допис од Агенција за управување со одземен имот за номинација на член на Управен одбор и по дискусијата за член на Управен одбор во Агенцијата за управување со одземен имот номинирана е Даниела Алексовска Стојановска, судија на Основен кривичен суд Скопје и
-Донесен е Заклучок да се достави циркуларно писмо до судовите во Република Северна Македонија со кој се задолжуваат истите да ја почитуваат законската одредба за тонско снимање на расправите со оглед да инасталиран е системот за тонско (аудио) и видео снимање на судските расправи SRS Femida и Femida Тrue Records.
Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=JlIotCbvO3c