Соопштение од 189-та седница на Судски буџетски совет - 28.11.2022 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 189-та седница на Судски буџетски совет - 28.11.2022 година
Press realeses
|
Nov 29, 2022
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) на 189-та седница одржана на ден 28.11.2022 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе и усвои:
- Записник од 187-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 28.10.2022 година и 188-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 08.11.2022 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец ноември 2022 година;
- Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2022 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка 603/637;
- Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2022 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631;
- Разгледа барање од Министерство за финансии бр.08-12178/1 од 22.11.2022 година и усвои заклучок да се достават податоци за потребата од намалување/зголемување на средствата по ставки;
- Разгледа известување/барање од Здружение на судии на РСМ за исплата на разлика на додатоци на плата за последните 3 години и исплата на регрес;
- Разгледа барање на Совет за ИКТ 08-3026/2 од 16.11.2022 година за пристап на членови на Судски совет на РСМ и судии до платформа Дејуре;
- Разгледа информација и издаде согласност за пополнување на слободно работно место по доставено барање од ОС Тетово по пат на превземање.