Соопштение од 307-та седница одржана на ден 13.05.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 307-та седница одржана на ден 13.05.2019 година

Соопштенија за јавност  |  13.5.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 307-та седница одржана на ден 13.05.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

        Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 307-та седница одржана на ден 13.05.2019 година, одлучи за следното:
 

1.Усвоени се:

 • Записникот од 301-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 14.03.2019 година и 18.03.2019 година и
 •  Записникот од 302-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.03.2019 година.

2.Донесена е Одлука со која приговорот на Ацо Тасев, судија на Основен суд Штип поднесен против решението на Судски совет на РСМ за времено упатување за вршење на судиската функција во Основен суд Виница, се одбива како неоснован.

3.Редовно се оценети судиите во Врховниот суд на РСМ, Вишиот управен суд, Управен суд, Апелационен суд Битола и основните судови основани на подрачјето на Апелационен суд Битола, Апелационен суд Гостивар и основните судови основани на подрачјето на Апелационен суд Гостивар, Апелационен суд Скопје и основните судови основани на подрачјето на Апелационен суд Скопје и Апелационен суд Штип и основните судови основани на подрачјето на Апелационен суд Штип, за 2017 и 2018 година.

  Оценувањето на дел од судиите на Основниот суд Скопје 1 Скопје е одложено.

4.Разгледан е Извештајот на Комисијата за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите за избор на претседател на Основен суд Неготино.

  Донесена е Одлука за повторно објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Неготино.

5.Констатиран е престанок на функција судиja-поротник на Основен суд Скопје 1 Скопје за Весна Пецевска Ботинова од Скопје, поради навршени 64 години старост.

  Номинирани се членови и нивни заменици во дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ, и тоа:

    - Весна Богдановска, судија на Основен суд Скопје 2 Скопје – член;
    - Загорка Тноковска, судија на Виш управен суд – заменик член;
    - Јетмир Хамзаи, судија на Основен суд Гостивар – член;
    - Јусуф Ајрулахи, судија на Основен суд Куманово – заменик член.