Соопштение за работна посета во Основниот суд Кичево [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за работна посета во Основниот суд Кичево

Соопштенија за јавност  |  20.9.2017
Работна група составена од членови на Судскиот совет на Република Македонија изврши работна посета во Основниот суд Кичево на ден 19.09.2017 година. Во рамките на работната посета се изврши увид во работата на судиите во Основниот суд Кичево, во кривична и граѓанска материја ...

СООПШТЕНИЕ

 

Работна група составена од членови на Судскиот совет на Република Македонија изврши  работна посета во Основниот суд Кичево на ден 19.09.2017 година.

Во рамките на работната посета се изврши увид во работата на судиите во Основниот суд Кичево, во кривична и граѓанска материја и тоа:

  • во делот за почитување на законските рокови за преземање на процесните дејствија;
  • почитувањето на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките;
  • констатирање на евентуален застој во работата на судиите, како и причините за застојот;
  • каква е состојбата со старите предмети во судот;
  • извршен е увид во автоматската распределба на предметите во судот со цел вршење на проверка на функционалноста и користењето на апликацијата Акмис и
  • разговор со судиите во насока да се поттикнат веднаш да го информираат Судскиот совет за сите евентуални случаи на политички или друг вид на притисок.