Соопштение од 496-та седница на Судскиот совет на РСМ - 26.08.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 496-та седница на Судскиот совет на РСМ - 26.08.2024 година

Соопштенија за јавност  |  26.8.2024

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 496-та седница одржана на ден 26.08.2024 година (понеделник) го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Усвоен е Записник од 491-та седница на Судскиот совет на РСМ од 24.06.2024 година, без измени и дополненија;

 

  1. Утврден е престанок на судиска функција на Мирјана Радевска Стефкова, судија на Ррховен суд на РСМ и на Виолета Костовска, судија на Апелационен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

  1. Донесена е одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Гевгелија;

-Формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд по донесена Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Гевгелија, во состав од:

 

       -   Павлина Црвенковска- претседател на Комисијата

       –  м-р Антоанета Димовска- член на Комисијата и

 

  1. Констатиран е престанок на функцијата ВД претседател на Основен суд Велес на Биљана Јачева, судија на Основен суд Велес, по нејзино барање и

- Донесена е одлука со која за ВД претседател на Основен суд Велес се определува Валентина Ѓорѓиевска, судија на Основен суд Велес;

  1. Донесени се одлуки за престанок  на судии поротници и тоа:

-На Виктор Јаневски, Наташа Бошевска , Марија Лембовска, Мирјана Христовска, Мимоза Савевска, Викторија Лазаревска, Вероника-Велика Анастасовска, Анета Цветковска и Ивана Крстевска Бакулев, судии поротници на Апелационен суд Битола, поради истек на мандатот;

  • На Виолета Поповска, судија поротник на  Основен суд Куманово, поради навршени 60 години старост;

 

  •  На Катерина Милановска Мартиновска, судија поротник на  Основен суд Куманово, по нејзино барање;

 

-На Танка Јанчева, Станојка Ангова, Емилија Крантова, Верица Апостолова, Нина Упчева, Николина Лицева-Шаренкова, Мери Чурлинова-Калајџиева, Фросина Костоска-Јанева, Радица Чолаковиќ, Јасмина Дупарова, Катица Главчева, Оливер Кочев, Ристе Каракамишев, Ѓорги Коцев, Јосиф Костадинов, Јованка Костова, Соња Поп-Гонова, Стево Ѓошев, Дивна Стојановска, Рукије Костиќ, Милица Несторова и Лилјана Трпчевска, судии поротници наОсновен суд Гевгелија, поради истек на мандат;

-На Ивана Миленковска, судија поротник на Основен граѓански суд,  поради навршени 60 години старост;

 

- На Омер Демири, судија поротник на Основен граѓански суд ,  поради неуредно вршење на должноста судија поротник;

 

  • За судии судии поротници на Основен суд Гевгелија се избрани:

 

1.Фросина Костоска Јанева

2. Рукије Костиќ

3.Милица Несторова

4.Стево Ѓошев и

5. Мери Чурлинова-Калајџиева.

 

  1. Донесена е одлука со која е усвоен  Правилникот за користење службен мобилен телефон;

 

  1. Донесена е одлука со која е усвоен  Правилникот за начинот на користење на  службени моторни возила од возниот парк на Судскиот совет на РСМ;

 

8.Одлучуваше  по барање за одвоен живот на судија и донесе одлука со која се  одбива како неосновано барањето за надоместок на трошоци за одвоен живот од семејството;

 

  1. Ги разгледа извештаите за исполнетост на критериумите за избор на претседател на Основен суд Кочани, Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица и го усвои извештајот на комисијата по однос на избор на претседaтел на Основен суд Кочани;
  • Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево:

 

  • Формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд по донесена Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели  на Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево, во состав од:

 

    -   м-р Тања Чачарова Илиевска - претседател на Комисијата

               –  м-р Ивица Николовски- член на Комисијата и

              -   м-р Антоанета Димовска- член на Комисијата;

  1. Го разгледа известувањето за времено упатување на судија во Основен суд Струга  и донесе одлука со која Јордан Јованов, судија на Основен граѓански суд Скопје времено се упатува за вршење на судиската функција на Основен суд Струга, за период од една година од денот на упатувањето;

11.Ја разгледа  можноста за  спроведување на  психолошкиот тест и тестот за интегритет и по дискусиите донесе Одлука да се склучи Договор со Институтот за социолошки и политичко правни истражувања заради спроведување на психолошки тест и тест за интегритет со цел продолжување на постапката за избор на судии и претседатели на судови  и да се задолжи Претседателот на Советот  да го потпише таквиот договор;

 12.Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

  • УПП бр.08-225/24,244/24;
  • УПП бр.08-179/24, 212/24, 222/24, 289/24;
  • УПП бр.08-127/24, 177/24, 187/24, 208/24, 218/24, 231/24, 242/24, 269/24;
  • УПП бр.08-115/24, 195/24, 257/24;
  • УПП бр., 228/24, 240/24;
  • УПП бр.08-196/24, 217/24;
  • УПП бр.08-175/24, 203/24, 252/24, 271/24, 284/24;
  • УПП бр.08-170/24, 194/24,
  • УПП бр.08-169/24, 234/24, 249/24, 277/24;

 

  • Претставките под УПП бр.166/24, 205/24, 221/24 се повлечени од известителите;
  • По расправа по претставките под УПП бр.08-160/24 и 209/24 истите се повлечени од известителот заради дополнителни извиди;
  1. Донесена е одлука со која се одбива како неоснован приговорот поднесен од Тања Терзиева, судија на Управен суд против распоредот за измена на распоредот за работа на Управен суд за 2024 година - за претседтаелот и судиите;
  2. Донесени се две одлуки за измена на подносители на барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
  3. Формирани се комисии на известители по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
  4.  Донесена е Одлука за измена на член на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на Виш управен суд, така што наместо „Сашко Георгиев-член на Комисијата“, да стои „Ханиф Зендели“ –член на Комисијата“;

-Донесен е заклучок до Академијата за судии и јавни обвинители да се достави поширока дополнета листа на судии кои ги исполнуваат условите за ментори согласно законот и

-По барање на Министерството за внатрешни работи за член на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во РСМ се номинира Софче Гаврилова Ефремова-судија на Основен кривичен суд Скопје.

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=_q65NvFalWc