Јавен повик [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен повик

Соопштенија за јавност  |  24.9.2019
Ј А В Е Н П О В И К за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

Бр.02-1402/2
24.09.2019 година
С к о п ј е

    

        Врз основа на Законот со управување на отпадот (“Службен весник на РМ”, бр.09/2011-пречистен текст, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.147/2013, бр.163/2013, бр.51/2015, бр.146/2015, бр.156/2015, бр.192/2015, бр.39/2016 и бр.63/2016), Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (“Службен весник на РМ”, бр.06/2012, бр.163/2013, бр.146/2015 и бр.39/2016) и Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори (“Службен весник на РМ”, бр.140/2010, бр.47/2011, бр.148/2011, бр.39/2012, бр.163/2013, бр.146/2015 и бр.39/2016), а во согласност со член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (“Службен весник на РМ”, бр.78/2015, бр.106/2015, бр.153/2015, бр.190/2016, бр.21/2018 и 101/2019) и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за давање согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад бр.45-3819/1 од 18 Јуни 2019 година, објавена во Службен весник на РСМ, бр.127/2019, Судскиот совет на Република Северна Македонија објавува:

 

Ј А В Е Н   П О В И К


за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад


        Избраното правно лице има обврска да изврши превземање на движните ствари, предмет на јавниот повик, и истите да ги селектира и транспортира како отпад на соодветен начин, согласно горенаведените законски одредби.
        Движните ствари се наоѓат во Судскиот совет на РСМ, во подрум.
        Право на учество имаат сите домашни правни лица кои вршат дејност односно поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган и кои ќе ги превземат инструкциите за јавен повик во кои се содржани пријавата и 2-те изјави, електронски од ВЕБ страната – www.ssrm.mk во делот најнови вести, јавен повик или во хартиена форма од архивата на Судскиот совет на РСМ, Ул.”Македонија” бр.5, 1 кат, Скопје, (зградата на Фондот за здравство на РСМ) и соодветно пополнат.
        Подетални информации може да се добијат секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, лице за контакт Владимир Станковиќ, тел.070/581-366 и 076/485-827.
           Краен рок за доставување на пријавите е 04.10.2019 година до 15:00 часот.
        Јавното отворање на пристигнатите пријави ќе се одржи на 14.10.2019 година во 10.00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Ул.”Македонија” бр.5, 1 кат, Скопје.

 

                Комисија за недвижни и движни ствари

 

 

Инструкциите за јавен повик може да се превземат (овде)