Соопштение од 282-та седница одржана на ден 19.07.2018 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 282-та седница одржана на ден 19.07.2018 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 282-та седница одржана на ден 19.07.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:
1. Усвоени се:
• Записникот од 273-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 14.03.2018 година, 19.03.2018 година, 20.03.2018 година, 28.03.2018 година, 12.04.2018 година, 16.04.2018 година и 5.07.2018 година;
• Записникот од 276-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 25.04.2018 година и 26.04.2018 година;
• Записникот од 277-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 9.05.2018 година.
2. Донесена е Одлука по приговор од судија во врска со донесена Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција во друг суд за период од најмногу 1 (една) година од денот на упатувањето.
3. Констатиран е престанок на функцијата на 27 (дваесет и седум) судии-поротници во Основен суд Скопје 1 Скопје, по предлог на претседателот на судот, поради истек на мандатот за кој се избрани.
Донесена е Одлука за избор на 40 (четириесет) судии-поротници на Основен суд Скопје 1 Скопје, по предлог на претседателот на судот.
Донесена е Одлука за избор на 7 (седум) судии-поротници на Основен суд Кавадарци, по предлог на претседателот на судот.
4. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија и одлучи за следните претставки:
- УПП.бр. 576/18, 599/18, 653/18;
- УПП.бр. 501/18;
- УПП.бр. 34/18, 89/18, 205/18, 634/18;
- УПП.бр. 225/18, 241/18, 524/18, 595/18, 616/18.
Расправата по претставката УПП.бр. 524/18 е одложена.