Соопштение од 314-та седница одржана на ден 10.07.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 314-та седница одржана на ден 10.07.2019 година

Соопштенија за јавност  |  11.7.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 314-та седница одржана на ден 10.07.2019 година и продолжението на ден 11.07.2019 година , го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за...

СООПШТЕНИЕ

               Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 314-та седница одржана на ден 10.07.2019 година и продолжението на 11.07.2019 година, го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

1.Усвоен е:
    • Записникот од 310-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 10.06.2019 година.

2.Донесена е Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Виш управен суд за Анита Данилова, судија на Виш управен суд.

3.Донесени се решенија за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно Законот за судови и тоа за:

   - Петкана Јадровска, судија на АС Битола;
   - Јованка Никодиновска, судија на АС Скопје и
   - Андон Атанасов, судија на ОС Радовиш.

4.Констатиран е престанок на Виолета Ласовска од Битола, судија-поротник на Основен суд Битола, поради смрт.
  Констатиран е престанок на Верица Николоска и Маја Наумческа од Гостивар, судии-поротници на Основен суд Гостивар, по сопствено барање.

5.Донесена е Одлука за формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.

6.Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиската функција на судија Ванчо Трајков од Основен суд Кочани во Основен суд Делчево, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

7.Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија и одлучи за следните претставки:
  - УПП.бр.309/19;
  - УПП.бр.156/19, 178/19, 198/19, 208/19, 223/19, 248/19;
  - УПП.бр.246/19, 257/19, 269/19, 276/19;
  - УПП.бр.56/19, 229/19, 268/19;
  - УПП.бр.97/19, 149/19, 172/19, 274/19, 288/19;
  - УПП.бр.3/19, 286/19, 298/19, 310/19;
  - УПП.бр.548/18, 835/18, 26/19, 36/19, 72/19, 84/19, 94/19, 132/19, 161/19;
  - УПП.бр.204/19, 216/19, 221/19, 236/19, 249/19, 260/19, 270/19;
  - УПП.бр.441/18, 203/19, 251/19, 317/19;
  - УПП.бр.867/18, 873/18, 66/19, 89/19, 98/19, 155/19, 164/19, 202/19, 217/19, 242/19, 252/19.

      Расправата по претставките: УПП.бр. 23/19, 116/19, 173/19, 184/19 и 225/19 е одложена.