Соопштение од 201-та седница на Судски буџетски совет - 22.05.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 201-та седница на Судски буџетски совет - 22.05.2023 година

Соопштенија за јавност  |  23.5.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 201-та седница одржана на ден 22.05.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

 

  1. Записник од 199-та седица на Судски буџетски совет одржана на ден 10.04.2023 година;
  2. Одлука за усвојување на Извештај за реализација на судскиот буџет за 2022 година;
  3. Одлука за усвојување на Измена и дополна на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2023 година;
  4. Одлука за пренамена на средства во Буџет за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за ставка 480-Купување на опрема и машини;
  5. Одлуката за измена и дополнување на Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година е одложена за наредна седница;
  6. Разгледа информација за поднесени тужби од припадниците на судска полиција за права од работен однос по разни основи;
  7. Разгледа известување од ОС Велес Су-03.бр.320/16 од 07.04.2023 година и од 02.05.2023 година;
  8. Разгледа барање и издаде согласност за вработување по основ на мобилност со преземање на судски службеник, без јавен оглас, во Основен суд Кичево.