Соопштение од 201-та седница на Судски буџетски совет - 22.05.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 201-та седница на Судски буџетски совет - 22.05.2023 година
Press realeses
|
May 23, 2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 201-та седница одржана на ден 22.05.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:
- Записник од 199-та седица на Судски буџетски совет одржана на ден 10.04.2023 година;
- Одлука за усвојување на Извештај за реализација на судскиот буџет за 2022 година;
- Одлука за усвојување на Измена и дополна на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2023 година;
- Одлука за пренамена на средства во Буџет за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за ставка 480-Купување на опрема и машини;
- Одлуката за измена и дополнување на Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2023 година е одложена за наредна седница;
- Разгледа информација за поднесени тужби од припадниците на судска полиција за права од работен однос по разни основи;
- Разгледа известување од ОС Велес Су-03.бр.320/16 од 07.04.2023 година и од 02.05.2023 година;
- Разгледа барање и издаде согласност за вработување по основ на мобилност со преземање на судски службеник, без јавен оглас, во Основен суд Кичево.