Судскиот совет присуствуваше на проширена општа седница на Врховниот суд
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Судскиот совет присуствуваше на проширена општа седница на Врховниот суд
СУДСКИОТ СОВЕТ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПРОШИРЕНА ОПШТА СЕДНИЦА НА ВРХОВНИОТ СУД
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева и членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски, присуствуваа на Проширената Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, која се одржа на ден 28.03.2023 година.
На седницата беа разгледани извештаите за работа на судовите во Република Северна Македонија, за 2022 година, во поглед на работата со предметите, материјалните и финансиските услови за работа, на која беше потенцирана и состојбата со намалениот број на судии, како и потребата за пополнување на упразнетите работни места со соодветен кадар, а со цел ажурно постапување на судовите и совладување на заостатокот на предмети.