Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
СООПШТЕНИЕ
Врз основа на сумирањето и утврдувањето на резултатот од гласањето за избор на член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија, одржани на ден 22.01.2020 година од вкупно запишани 494 судии во Судскиот изборен именик, гласале 466 судии. Неважечки гласачки ливчиња 37, а неупотребени 28 гласачки ливчиња.
Кандидатите одделно го добиле следниот резултат:
1.Артан Лимани – 190 гласа
2.Ханиф Зендели – 239 гласа
Од утврдените конечни резултати избран член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Република Северна Македонија е:
ХАНИФ ЗЕНДЕЛИ, судија на Апелационен суд Гостивар
КОМИСИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА
ИЗБОР НА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РСМ
ОД РЕДОТ НА СУДИИТЕ