Соопштение од 326-та седница одржана на ден 13.12.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 326-та седница одржана на ден 13.12.2019 година

Соопштенија за јавност  |  13.12.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 326-та седница одржана на ден 13.12.2019 година, одлучи за следното...


СООПШТЕНИЕ

              Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 326-та седница одржана на ден 13.12.2019 година, одлучи за следното:

1.Усвоен е:
   • Записник од 323-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 12.11.2019 година.

2.Донесена е Одлука за избор на судии поротници во Основен суд Кочани, по предлог на претседателот на судот.

3.Констатиран е престанок на судиска функција на Измир Ајази, судија на Основен суд Струга, поради смрт.

4.Донесена е Одлука за заклучување на Судскиот изборен именик, според кој 494 судии од сите судии во Република Северна Македонија ќе гласаат за избор на член на Судски совет на РСМ од редот на судиите кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

5.Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката на Судски совет на Република Северна Македонија, со која е формирана Комисија за подготовка на кандидатски листи.

6.Донесени се одлуки по извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, и тоа:
   - по две барања се донесени одлуки со кои се запира постапката.  

7.Формирани се комисии на известители по 12 (дванаесет) поднесени барања за утврдување на одговорност на судија – претседател на суд.

8.Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Никола Спасески, судија на Основен суд Струга, поради исполнување на услови за старосна пензија.