Соопштение од 351-та седница на Судски совет на РСМ - 3.11.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 351-та седница на Судски совет на РСМ - 3.11.2020 година

Соопштенија за јавност  |  03.11.2020


СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 351-та седница одржана на ден 3.11.2020 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:


1.    Усвоен е:
•    Записникот од 349-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 15.10.2020 година.
2.    Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Гостивар.
3.    За судија на Основен суд Кавадарци избрана е Ева Димитров Кузев кандидат од Академијата за судии и јавни обвинители.
4.    Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на 2(двајца) судии во Основен суд Берово, 1(еден) судија во Основен суд Делчево, 1(еден) судија во Основен суд Виница и 1(еден) судија во Основен суд Крушево.
5.    Донесени се одлуки за избор на судии поротници во Основен суд Битола и за утврдување на престанок на судија поротник на Основен суд Гостивар и Основен суд Струмица.
6.    Донесени се одлуки со кое е утврдено правото на надоместок на трошоци за закупнина на стан за член на Судскиот совет на РСМ и правото на надоместок за патни трошоци за судија на Основен суд Велес кој времено е упатен да ја извршува судиската функција во Основен суд Неготино.
7.    Донесени се одлуки со кои Судскиот совет на РСМ утврди дека не е надлежен да постапува по двете барања за повторување на постапката.
8.    Донесена е Одлука со која се констатира престанок на судиската функција и функцијата претседател на Ленка Симевска од Основен суд Берово.
       За вршител на должност претседател на Основен суд Берово е определен Илија Стојанов судија на Основен суд Струмица кој е времено упатен да ја извршува судиската функција во Основен суд Берово.

9.    Усвоен е Изештајот на Комисијата за резултатите од извршената проверка на знаењето на практичната работа со компјутери на кандидатот за претседтел за Апелационен суд Гостивар.
10.    Донесена е Одлука за продолжување на постапката по 1(едно) барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
11.    Формирани се комисии на известители по 6(шест) барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
12.    Разно.