Соопштение од 492-та седница на Судскиот совет на РСМ - 08.07.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 492-та седница на Судскиот совет на РСМ - 08.07.2024 година

Соопштенија за јавност  |  08.7.2024

 

СООПШТЕНИЕ 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 492-та седница одржана на ден 08.07.2024 година (понеделник )  одлучи за следното:
 
1. Формирана е Комисија за подготвување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на член на Судскиот совет на РСМ во состав:
 
- Мирсад Суроји -  претседател на Комисија,
- Павлина Црвенковска – член на Комисија и
- м-р Антоанета Димовска – член на Комисија;
 
2. Утврден е престанок на судиска функција на Влатко Самарџиски, судија на  Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија;
 
3. Донесени се одлуки за определување на ВД претседатели   и тоа:
 
- За Основен суд Кочани – Сузана Милевска, судија на Основен суд Кочани и 
- За Основен суд Охрид – Васил Баткоски, судија на Апелационен суд Битола;
 
4. По разгледување на  Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на 10 (десет) судии во Апелационен суд Скопје  констатирано е дека од страна на Комисијата е направен превид поради што Советот смета дека потребно е направениот пропуст од страна на Комисијата да биде корегиран во тој дел и  постапката понатаму да продолжи;
 
5. Разгледан е Извештајот на Комисијата за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево и донесена е одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево и формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови во состав:
 
- м-р Антоанета Димовска – претседател на Комисија,
- Сашко Георгиев – член на Комисија и
- м-р Селим Адеми – член на Комисија;
 
6. Усвоен е Извештајот од извршени работни посети на Врховниот суд на РСМ, Апелационен суд Гостивар и Основен суд Тетово па со оглед на истото, а имајќи ги во предвид заклучоците дадени во извештајот, се одлучи Извештајот со списите по предметот да се достават до надлежното обвинителство, како и да се извести ДКСК со оглед дека постапката е иницирана од ДКСК;
 
7. Седмата точка  од дневниот ред е одложена за наредна седница заради прибирање на дополнителни информации;
 
8. Разгледана е Иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата  и донесена е оддлука  за отфрлање на иницијативата како ненавремена;
 
9. Усвоено е барањето за надомест на патни трошоци на член на Судскиот совет на РСМ;
 
10. Донесени се одлуки по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, така што: 
 
- запрени се две постапки за утврдување на одговорност/претседател на суд и
- продолжена е постапката по едно барање за утврдување на одговорност/претседател на суд;
 
11. Расправаше по Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесени се две одлуки за запирање на постапките по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
 
12. Формирани се комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесена е одлука за измена на член на Комисија по поднесено барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;
 
-Донесен е заклучок од страна на работната група при спроведување на работната посета на Вишиот управен суд закажана за ден 09.07.2024 година, да изврши увид и констатирање на фактичката состојба по предметот УЖ-1-96/22.