Соопштение од студиска посета на повеќе држави во САД [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од студиска посета на повеќе држави во САД

Njoftim për opinionin  |  27 Dhj 2017
Во периодот од 25 ноември до 16 декември 2017 година организирана е студиска посета на повеќе држави во САД, од страна на Меридијанскиот интернационален центар, на која учествуваа Лидија Каначковиќ и Беким Реџепи членови на Судскиот совет на Република Македонија ...

СООПШТЕНИЕ

  

Во периодот од  25 ноември до 16 декември 2017 година организирана е студиска посета на повеќе држави во САД, од страна на Меридијанскиот интернационален центар, на која учествуваа Лидија Каначковиќ и Беким Реџепи членови на Судскиот совет на Република Македонија. Оваа студиската посета е во рамките на проектот „Владеењето на правото во САД“ спонзориран од Стејт Департментот на САД, за Република Македонија како дел од  Меѓународната лидерска програма.

Како специфични цели на овој проект се издвоени испитувањето на судскиот систем во САД во рамките на федералниот систем и поделбата на власта, унапредувањето на фер, танспарентно и независно судство, набљудувањето на судските процеси, судскиот менаџмент систем, алтернативното решавање на споровите и медијацијата, можностите за обука на судиите и истражување на граѓанските и кривичните постапки на федерално, државно и локално ниво.

Делегацијата од Македонија го посети Врховниот суд на САД, во Вашингтон, го посети локалниот суд и Комисијата за дисциплинска постапка на судиите во Рено, Невада, начинот на користењето на специјализираните судови, селекцијата и изборот на судиите презентиран е во Спрингс, Колорадо, го посети апелациониот суд во Синсинати, Охајо и презентирани се правилата на медијација во Њујорк.

Од особено значење за Судскиот совет на Република Македонија се реализираните студиски посети поради што и во иднина ќе остварува континуирана меѓународна соработка со цел да се разгледаат најдобрите практики и можноста за нивно имплементирање заради подобро функционирање и унапредување на правосудниот систем.