Соопштение од 344--та седница на Судски совет на РСМ - 9.07.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 344--та седница на Судски совет на РСМ - 9.07.2020 година

Соопштенија за јавност  |  09.7.2020

СООПШТЕНИЕ

       Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 344-та седница одржана на ден 9.07.2020 година, одлучи за следното:

1.Усвоени се:  
• Записникот од 334-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.02.2020 година и продолжение од 27.02.2020 година и
•  Записникот од 342-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.06.2020 година.

2.Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

3.Донесена е Одлука по Приговор изјавен од страна на судија против Одлука за прераспоредување донесена од претседател на суд.

4.Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот, согласно прописите за работни односи, и тоа за:

• Петкана Јадровска, судија на Апелационен суд Битола;
• Нухи Рустеми, судија на Основен граѓански суд-Скопје;
• Станка Везенковска, судија на Основен кривичен суд-Скопје;
• Николчо Симонов, судија на Основен суд Кратово;
• Ѓорѓи Маневски, судија на Основен суд Струмица;
• Шемседин Јусуфи, судија на Основен суд Тетово и
• Амди Мифтари, судија на Основен суд Тетово.

6.Донесена е Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Апелационен суд Гостивар за Шефајет Хајдари, судија на Апелационен суд Гостивар.

  Донесена е Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Основен суд Виница за Васка Петрова, судија на Основен суд Виница.

  Донесена е Одлука за определување на вршител на должност – претседател на Основен суд Кратово за Ружица Здравковска, судија на Основен суд Кратово.

8.Донесена е Одлука за формирање на Комисија за подготвување на кандидатска листа за избор на член на Судски совет на Република Северна Македонија од редот на судиите од апелационо подрачје Битола.

    Точките „5“ и „7“ од Дневниот ред се одложени.