Соопштение од 405-та седница на Судски совет на РСМ - 08.06.2022 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 405-та седница на Судски совет на РСМ - 08.06.2022 година

Соопштенија за јавност  |  09.6.2022

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 405-та седница одржана на ден 08.06.2022 година го измени и дополни дневниот ред  и одлучи за следното:

 

 

  1. Усвоен е Записникот од 398-та седница од 29.03.2022 година;
  2. Донесени се одлуки за престанок на функцијата судија поротник во:
  • Основен суд Гостивар и тоа за Душко Наумоски, по сопствено барање и
  •  Основен суд Гевгелија и тоа за Зоран Николов, Ирена Павлова, Катерина Арнаудова и Костадинка Стојанова поради истек на мандат;
  1. Разгледани се извештаите од:
  • Работната посета на Вишиот управен  суд;
  • Работната посета на Управниот суд и;
  • Разгледани и усвоени се предлог-заклучоците од работната посета на Апелационен суд Скопје;
  1. Судскиот совет на РСМ констатираше дека не е надлежен по однос на одлучувањето по поднесено барање од судија за користење на неплатено отсуство; 
  1. Разгледани се доставените одговори по поднесено барање до основните судови заради времено упатување на судии за вршење на судиската функција во друг суд;
  2. Одбиено е барањето од Управен суд; 
  3. Разгледани се известувањата за Основен кривичен суд Скопје; 
  4. Разгледано е известувањe за утврдена фактичка состојба за Виш управен суд;
  5. Прифатено е барањето за повторување на постапка по известување на Комисија;
  1. Донесена е Одлука со која се констатира повлекување на барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судии;
  • Постапката по 2(две) барања за утврдување одговорност на тројца судии е продолжена;
  1. Расправаше по Извештаи на Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд:
  • По 1(едно) барање изрече дисциплинска мерка-писмена опомена;
  • Донесена е Одлука со која се констатира повлекување на барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија;

12.Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и

13. Разгледан е предлогот во врска со Методологијата со Индикатори за утврдување на сложеност на предметите и донесен е заклучок истиот да се достави на мислење до Врховен суд на РСМ.