СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
08.10.2025
Судскиот совет на Република Северна Македонија со длабока загриженост и искрено жалење ја прими веста за убиството на судија во Република Албанија.
Овој трагичен настан претставува тежок удар не само за албанското судство, туку и за целата регионална заедница на судии и правосудни институции кои се залагаат за владеење на правото, независност и безбедност на судската функција
Судскиот совет на Република Северна Македонија изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот судија, до Судскиот совет на Албанија и до целокупната судска заедница на оваа пријателска земја.
Истовремено, Советот ја потенцира потребата државните институции во сите земји да обезбедат највисоко ниво на заштита и безбедност на судиите, како неопходен предуслов за независно и непристрасно вршење на судиската функција.
Во овие тешки моменти, солидарни сме со албанските колеги и ја изразуваме нашата поддршка во борбата за правда, безбедност и достоинство на судската професија.
Во солидарност и почит, Судски совет на Република Северна Македонија