Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Комората на извршители на РСМ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Судскиот совет на РСМ и Комората на извршители на РСМ
Press realeses
|
Apr 30, 2024
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева денес потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Комората на извршители на Република Северна Македонија, Весна Деловска.
Официјализирање на соработката со потпишување на овој Меморандум е од особено значење и во истиот се дефинира начинот на соработката која ќе се остварува преку едукација, обука, придонес во објавување на стручни и научни трудови, давање на експертска помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знaење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес.