Присуство на Судскиот совет во Врховниот суд на РСМ по повод одбележување Денот на правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Присуство на Судскиот совет во Врховниот суд на РСМ по повод одбележување Денот на правосудството

Соопштенија за јавност  |  02.4.2024

 

 

 

Присуство на Судскиот совет во Врховниот суд на РСМ по повод одбележување Денот на правосудството и промовирање на новата Збирка на судски одлуки

 

     На покана на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на настан кој што се одржа по повод одбележување на Денот на правосудството и промовирање на новата Збирка на судски одлуки 2018-2023, Судскиот совет на Република Северна Македонија со присуство на свои претставници учествуваше во одбележување на овој свечен настан, на кој присуствуваа и амбасадорите на САД, ЕУ и Кралството Холандија, судии, претставници на правосудните институции, претставници на граѓанските организации  и вработени во судската власт.

   Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева честитајќи го Денот на правосудството, во своето обраќање нагласи дека принципите на независност на судството мора да се почитуваат и дека квалитетните одлуки се огледало на судството. Го изрази задоволството од објавувањето на Збирката на судски одлуки истакнувајќи дека Врховниот суд на Република Северна Македонија покажа дека е на ниво на својата задача и изготвувањето на  Збирката е од исклучително значење бидејќи претставува патоказ за правилна примена и толкување на законите, значаен документ во кој е сублимирана работата на највисокиот суд во државата.