Соопштение од 332-та седница на Судски совет на РСМ - 7.02.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 332-та седница на Судски совет на РСМ - 7.02.2020 година

Njoftim për opinionin  |  7 Shk 2020


СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 332-та седница одржана на ден 7.02.2020 година, одлучи за следното:

1.    Донесена е Oдлука за избор на 3 (тројца) судии на Врховниот суд на РСМ по Оглас бр. 08-1549/2 од 27.09.2019 година, и тоа:

-    Одлукa за избор на судија на Врховен суд на РСМ на Мирјана Лазарова Трајковска, за кривична  област, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
-    Одлукa за избор на судија на Врховен суд на РСМ на Сафет Кадрии, за кривична  област,  судија на Апелационен суд Скопје .
-    Одлукa за избор на судија на Врховен суд на РСМ на Наке Георгиев  за граѓанска област, претседател на Апелациониот суд Штип.

2.    Донесена е Oдлука за избор на судија на Врховен суд на РСМ на Лидија Мартинова за граѓанска област, судија на Апелационен суд Скопје, по Оглас бр. 08-1828/2 од 12.11.2019 година. Останатите 8 (осум) кандидати од ранг листата не го добија потребното мнозинство согласно законот.

3.    Донесени се  Oдлуки за  избор на 13 судии во основните судови во РСМ по Оглас бр. 08-1886/2 од 22.11.2019 година, и тоа:

-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Битола на Драган Јаковлевски, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Куманово на Александра Наковска, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Куманово на Арбенита Исмани Сакипи, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен кривичен суд Скопје на Ана Велковска, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен кривичен суд Скопје на Тамара Витларова Смилевска, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен кривичен суд Скопје на Имране Селмани, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен граѓански суд Скопје на Сузана Димитриев, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен граѓански суд Скопје на Љупка Крчинска  Стефкова, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен граѓански суд Скопје на Розеана Тасева, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Тетово на Ељведин Ферати, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Штип на Марина Здравкова, кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Охрид на Александра Поп Стефанија, судија од Основен суд Неготино.
-    Одлукa за избор на судија на Основен суд Свети Николе на Лилјана Додевска, судија од Основен суд Радовиш.

На огласот за основните судови Берово, Виница, Гостивар, Делчево, Кичево и Крушево нема пријавено кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители, ниту судии од основните судови.