Средба на Судскиот совет со членови на Судско-медиумскиот совет
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Судскиот совет со членови на Судско-медиумскиот совет
![](/wps/wcm/connect/ssrm/5879c87e-7bf6-4f0d-a5b1-43e7928c3c13/20230519_121243.jpg?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CR4-5879c87e-7bf6-4f0d-a5b1-43e7928c3c13-owQ5zKY)
![](/wps/wcm/connect/ssrm/5879c87e-7bf6-4f0d-a5b1-43e7928c3c13/20230519_121243.jpg?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CR4-5879c87e-7bf6-4f0d-a5b1-43e7928c3c13-owQ5zKY)
![](/wps/wcm/connect/ssrm/e70c318a-e17f-4c86-88d5-fdaec2ce8088/20230519_121359.jpg?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CR4-e70c318a-e17f-4c86-88d5-fdaec2ce8088-owQ5zKY)
Средба на Судскиот совет со
членови на Судско-медиумскиот совет
Денес во Судскиот совет на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу претседателот на Советот Сашко Георгиев, четворица членови на Судско-медиумскиот совет, Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев и судијата на Основниот граѓански суд Скопје Емилија Шопар и новинарите Михаела Димовска од Канал 5 и Зоран Јаневски од ТВ Сител.
На средбата се дискутираше за транспарентоста и за заложби за поголема транспарентност во јавноста, воедно имајќи го во предвид меморандумот за соработка, по што Претседателот на Советот и претставниците од Судско-медиумскиот совет се договорија во иднина да ја надградат соработката и редовно и навремено да се известуваат работите од интерес за јавноста од работењето на Судскиот совет на РСМ, за седниците на Советот и за судството воопшто.