Демант за информација изнесена на 10.05.2017 година во ,,ТОП ТЕМА‘‘ на ТВ Телма
[Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
Демант за информација изнесена на 10.05.2017 година во ,,ТОП ТЕМА‘‘ на ТВ Телма
Press realeses
|
May 11, 2017
Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски во целост ја демантира информацијата изнесена на ден 10.05.2017 година во емисијата ,,ТОП ТЕМА‘‘ на ТВ Телма, емитувана од страна на новинарот-водител Снежана Лупевска Созен дека претседателот на Судскиот совет на Република Македонија е брат на директорот на ЈП Македонски шуми, г-динот Жарко Караџоски ...
ДЕМАНТ
Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Караџовски во целост ја демантира информацијата изнесена на ден 10.05.2017 година во емисијата ,,ТОП ТЕМА‘‘ на ТВ Телма, емитувана од страна на новинарот-водител Снежана Лупевска Созен дека претседателот на Судскиот совет на Република Македонија е брат на директорот на ЈП Македонски шуми, г-динот Жарко Караџоски.
Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија ја информира јавноста дека не е во никакви семејни и роднински врски со директорот на Јавното претпријатие Македонски шуми г-дин Жарко Караџоски, ниту пак имале прилика да се запознаат.