Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
СООПШТЕНИЕ
Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија објавен во „Службен весник на РМ“ бр.197 од 29.12.2017 година е предвидено дека Судскиот совет на Република Македонија е надлежен да постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.
Од причина што Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија е укинат, со Законот за престанување на важењето на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.11/2018, Судскиот совет на Република Македонија ја известува јавноста дека претставките и поплаките треба да се доставуваат до Судскиот совет на Република Македонија.
.