Соопштение за 490-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.06.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 490-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.06.2024 година
Press realeses
|
Jun 4, 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 10.06.2024 година (понеделник ) со почеток во 9,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 490-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 10.06.2024 година, со почеток во 9,30 часот
- Разгледување и усвојување на Комуникациската стратегија на Судскиот совет на Република Северна Македонија и судовите на Република Северна Македонија ( 2024-2028) со Акционен план,
- Донесување на одлуки за престанок на судии поротници на Основен кривичен суд Скопје и за избор на судии поротници во Основен кривичен суд Скопје,
- Донесување на Одлука по барање за мирување на судиската функција,
- Донесување на одлуки по барања на судии за надомест на закупнина,
- Разгледување и усвојување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на 2 (двајца) судии во Апелационен суд Гостивар, за грѓанска област,
- Одлучување по Известување oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија,
- Формирање на комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
- Разно.