СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УПОЗ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УПОЗ

Соопштенија за јавност  |  28.12.2022
Претставници на Синдикатот на УПОЗ остварија работна средба со Претседателката на Судскиот совет и заменик претседателот на која беа истакнати неколку барања во однос на статусот на вработените во судската служба.

Претставници на Синдикатот на УПОЗ остварија работна средба со  Претседателката на Судскиот совет и заменик претседателот на која беа истакнати неколку барања во однос на статусот на вработените во судската служба. 

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ побара соработката помеѓу Синдикатот и Судскиот совет да се подигне на повисоко ниво.
Претседателката на Судскиот совет изрази подготвеност за подобрување на соработката и како прва мерка предложи претставник на Синдикатот на УПОЗ да присуствува во работата на седниците на Судскиот буџетски совет. 

На работниот состанок беше истакнато дека работата во судовите е тимска и дека судиите и судската служба може да постигнат резултати само со заедничко делување. Исто така, беше потенцирано дека во иднина сите отворени прашања ќе се решаваат заеднички и со поддршка на Судскиот совет и Судско буџетскиот совет.