Соопштение од 465-та седница на Судскиот совет на РСМ - 23.11.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 465-та седница на Судскиот совет на РСМ - 23.11.2023 година
Соопштенија за јавност
|
23.11.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 465-та седница одржана на ден 23.11.2023 година одлучи за следното:
- Разгледан и усвоен е извештајот од работна посета на Основен суд Кратово;
- Донесени се Одлуки по Одлуки на Управен суд Скопје;
- Донесени се Одлуки по Известувања за фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија, така што постапките по барањата продолжуваат;
- Расправаше по извештаи за констатирана фактичка состојба по поднесени барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија/претседател на суд:
- По едно барање за судија на апелационен суд изречена му е дисциплинска мерка намалување на платата од 20% од месечната плата на судија во траење од 6 месеци;
- По едно барање за судија на основен суд му е изречена дисциплинска мерка намалување на платата од 30% од месечната плата на судија во траење од 6 месеци;
- Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.