Соопштение од 295-та седница одржана на ден 30.01.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 295-та седница одржана на ден 30.01.2019 година

Press realeses  |  Jan 30, 2019
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 295-та седница одржана на ден 30.01.2019 година, го измени и дополни Дневениот ред и одлучи за ...

СООПШТЕНИЕ

                               

     

Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 295-та седница одржана на ден 30.01.2019 година, го измени и дополни Дневениот ред и одлучи за следното:

1.    Усвоени се:
•    Записникот од 292-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 29.11.2018 година и 3.12.2018 година;
•    Записникот од 293-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 20.12.2018 година;
•    Записникот од 294-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 9.01.2019 година.

2.    Формирана е Комисија за утврдување на ориентационен број на предмети што треба да ги реши секој судија во основните судови, апелационите судови, Управен суд, Виш управен суд и Врховен суд за 2019 година.  
3.    Донесена е Одлука за усвојување на Правилник за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за членовите на Судскиот совет на Република Македонија.
4.    Донесена е Одлука за усвојување на Правилник за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.
5.    Донесена е Одлука за усвојување на Правилник за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судските службеници.
6.    Донесена е Одлука за усвојување на Годишниот план за јавни набавки за 2019 година на Судски совет на Република Македонија.
7.    Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на Судскиот совет на Република Македонија.
8.    Донесена е Одлука за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Судскиот совет на Република Македонија.
9.    Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Љубчо Прокопенко, судија на Основен суд Виница, поради исполнување на услови за старосна пензија.