Соопштение од 455-та седница на Судскиот совет на РСМ - 26.09.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 455-та седница на Судскиот совет на РСМ - 26.09.2023 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 455-та седница одржана на ден 26.09.2023 година одлучи за следното:
1. Усвоени се записници од:
- 443-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 30.05.2023 година и продолжение од 05.06.2023 година;
- 446-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.06.2023 година;
- 450-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.07.2023 година и
- 451-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.07.2023 година;
2. По оглас за избор на судии објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.168/23 од 08.08.2023 година избрани се следните судии:
- за Основен граѓански суд: Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ Велкоски, кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;
- за Основен кривичен суд: Лиљана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митревска, кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;
3. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на Основен граѓански суд на Драгана Трајчевска и Каролина Мијакоска, по сопствено барање и од Основен кривичен суд Скопје на Елизабета Митковска, по сопствено барање;
4. Донесена е одлука за патни трошоци, по барање на судија;
5. Разгледана е и усвоена анализата на потребни судиски места во Врховен суд на РСМ, Виш управен суд, Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Битола, Апелационен суд Гостивар и Апелационен суд Штип;
6. Донесена е Одлука за објавување Оглас за избор на 2 (двајца) судии на Апелационен суд Штип за граѓанска област;
7. Разгледан е и усвоен Извештајот од работна посета на Апелационен суд Гостивар;
8. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево;
9. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судија Седат Реџепагиќ од Основен кривичен суд Скопје;
10.Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
11.Номинирани се членови на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите: Ивица Николовски – член и Антоанета Димовска – заменик член;
- по барање на Академијата за судии и јавни обвинители, согласно членот 19 од Законот за Академија и јавни обвинители ( Сл. Весник на РСМ бр.129/23) даден е предлог од Судскиот совет до Управниот Одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за повлекување на 2 членови и нивни заменици-членови на Комисијата за приемен испит и Комисијата за завршен испит;
12. Судија на Основен суд Крива Паланка, Благица Ѓошевска времено се упатува во Основен Граѓански суд за период од една година.