Соопштение од 317-та седница одржана на ден 10.09.2019 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 317-та седница одржана на ден 10.09.2019 година

Соопштенија за јавност  |  10.9.2019
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 317-та седница одржана на ден 10.09.2019 година, одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

             Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 317-та седница одржана на ден 10.09.2019 година, одлучи за следното:
1.Усвоени се:
   •Записникот од 314-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 10.07.2019 година и 11.07.2019 година и
    •Записникот од 315-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 17.07.2019 година.

2.Донесени се одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот согласно Законот за судови, и тоа за:
- Ленче Манева – судија на Основен суд Штип;
- Ленче Делипетрова Атанасовска – судија на Основен суд Кавадарци;
- Мустафа Шахини – судија на Управен суд;
- Меџит Шазимани – судија на Апелационен суд Битола и
- Шемседин Јусуфи – судија на Основен суд Тетово, член на Судски совет на Република Северна Македонија.

 Донесена е Одлука со која се констатира ненавременост на изјавата за продолжување на мандатот согласно Законот за судови на Никола Спасески – судија на Основен суд Струга.

3.Донесена е Одлука за избор на судија на Врховен суд на Република Северна Македонија за кривична област за Цветанка Периќ, судија на Апелационен суд Скопје.

4.Разгледани и усвоени се извештаи за работата на судовите во Република Северна Македонија за второто тромесечие за 2019 година и тоа за: Врховен суд на Република Северна Македонија, Виш управен суд, Управен суд, апелационо подрачје Скопје, апелационо подрачје Битола, апелационо подрачје Гостивар и апелационо подрачје Штип.

5.Разгледан е Извештајот на Комисијата во повторената постапка по повод конечната пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и донесена е Одлука со која е констатирано дека судија на Основен суд Тетово, сега во пензија, постапил нестручно и несовесно по конкретен предмет, со што сторил повреда на член 75 став 1 алинеја 2 и 8 од Законот за судовите.

6.Расправаше по Извештај на Комисија за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесени се одлуки со која еден претседател на суд е разрешен од функцијата претседател на суд и судија, еден судија е разрешен од вршење на судиската функција и за двајца судии е запрена постапката.

  Донесени се одлуки за времено оддалечување од вршење на судиската функција и претседател на суд.

  Донесена е Одлука за определување на вршител на должност – претседател на суд.  

7.Донесен е Заклучок со кој Судскиот совет на РСМ го овластува претседателот на Судскиот совет на РСМ по однос на жалбите поднесени против решенијата за времено оддалечување на судија од вршење на судиската функција.

8.Донесени се одлуки за надоместок на патни трошоци и надоместок за закупнина на стан за судии.

  Точката „4“ од Дневниот ред – „Одлука за објавување на Оглас за избор на 4 (четири) судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија за граѓанска област“ е повлечена.