Претседателката на Судскиот совет присуствуваше на координативен состанок
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Судскиот совет присуствуваше на координативен состанок
Соопштенија за јавност
|
24.4.2023
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ ПРИСУСТВУВАШЕ НА КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева присуствуваше на вториот координативен состанок организиран од страна на Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во соработка на Заменик Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и Амбасадорот на Европска Унија во Земјава, Н.Е. Дејвид Гир, на кој беше разгледан прогресот во спроведувањето на препораките од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија за 2022 година.