Конференција на тема „Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Конференција на тема „Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“

Njoftim për opinionin  |  10 Tet 2024

 

Конференција на тема

„Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија Весна Дамева и членови на Советот присуствуваа и земаа актвино учество на настан организиран од Институтот за човекови права финансиран од Европската унија, на тема „Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“.

Во поздравното обраќање Претседателката Дамева ја истакна заложбата на Советот за имплементација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија на ЕУ и заложбата за обезбедување на независност на судството. Воедно даде краток осврт на активностите кои што Судскиот совет интензивно ги превзема изминатиот период во насока на реформскиот процес во работењето на Судскиот совет согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ. Ја истакна улогата на граѓанскиот сектор и граѓанскиот активизам како еден од важните столбови на демократијата и изрази благодарност до меѓународната заедница која што даде поддршка и овозможи преку проектите да се постигне огромен напредок во работата на Советот и имплементација на препораките.

Панелист на овој настан беше членот на Советот м-р Тања Чачарова Илиевска која во своето излагање на тема „Спроведување на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет“ детално ги презентираше активностите кои што Судскиот совет ги презема во насока на спроведување на реформските препораки заради подобрување на функционалноста на Судскиот совет. Наведе дека изминатиот период Советот интензивно работеше и ќе продолжи и во иднина да работи на имплементација на 17-те препораки од Извештајот на Оценската мисија, упатени до Судскиот совет. Истите се однесуваат на 4 теми и тоа: избор на судии и претседатели на судови и унапредување; дисциплински постапки; транспарентност и комуникација; и ресурси и финансии. Препораките се спроведуваат преку акцискиот план изготвен и усвоен од Советот во февруари 2024 година и преку усвоените измени и дополнување на подзаконските акти: Деловникот за работа на Судскиот совет и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судии во повисок суд, усвоени од Советот на 30 мај 2024 година. Посочи дека Судскиот совет во изминатиот период оствари значаен напредок во имплемнтацијата на препораките во однос на зајакнувањето на транспарентноста и отчетноста во работењето на Советот, во постапките за избор и унапредување и дисциплинските постапки, меѓутоа се осврна и на предизвиците кои мора да се решат со институционална соработка, со цел успешен реформски процес во насока на отстранување на уставните и законските пречки и обезбедување на финансики средства согласно законот, заради подобрување на условите во судството (пополнување на испразнети судсиски места и овозможување нови вработувања во судовите).

Присутните членови на Судскиот совет м-р Селим Адеми, м-р Антоанета Димовска и Џенета Бектовиќ дадоа активен придонес на настанот со нивните дискусии, а воедно и меѓу присутните на настанот се разви конструктивна дискусија, која е во интерес за наредните активности за кои ќе се залага Советот.

            Судскиот совет ќе продолжи со своите активности и во наредниот период, со цел да се зголеми довербата на граѓаните во судството и да се обезбеди правичност и транспарентност за граѓаните, како и ефикасност, ефективност и независност на судството.