Средба на претседателката Павлина Црвенковска со правниот советник на Американската амбасада Кол Радович
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на претседателката Павлина Црвенковска со правниот советник на Американската амбасада Кол Радович
Соопштенија за јавност
|
27.7.2021
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКА СО ПРАВНИОТ СОВЕТНИК НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ КОЛ РАДОВИЧ
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија Павлина Црвенковска, оствари работна средба со правниот советник на Aмериканската амбасада во Скопје Кол Радович.
На средбата претседателката Црвенковска го запозна правниот советник Радович со улогата која ја има Судскиот совет како независен орган на судството, како и со активностите на Судскиот совет на РСМ.
Исто така се разговараше и за актуелните проблеми со кои се соочува судството, а воедно и се разменија мислења за начинот на нивното надминување.