Со мерење на перформансите на судовите ќе се создаде независен, ефикасен и транспарентен Судски совет [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Со мерење на перформансите на судовите ќе се создаде независен, ефикасен и транспарентен Судски совет

Соопштенија за јавност  |  28.6.2022

Со мерење на перформансите на судовите ќе се создаде независен, ефикасен и транспарентен Судски совет

 

Членови на Судскиот совет и стручната служба присуствуваат на работилница посветена на зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспаретноста на Судскиот совет. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетот и компетенциите и со тоа да се реафирмира уставната улога на Судскиот совет. Проектот МАТРА трае четири години и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста, независноста и транспаретноста на Судскиот совет.

Работилницата која се одржува во Скопје е дел од подготовките за мерење на перформансите преку создавање и тестирање на ефикасни механизми за собирање податоци за да можат Судскиот совет и Министерството за правда да ги мерат перформансите. Дел од проектот се однесува на анализа на двата главни система за собирање податоци АМБС и АКМИС.

Пилот проектот ќе се однесува на два суда, Основниот суд Охрид и Апелациониот суд Битола за да се утврди кои податоци треба да се собираат, каде, како и кога податоците ќе се вчитуваат, како ќе се развиваат извештаите и како понатаму ќе се користат таквите информации во правец на создавање ефикасно, независно и отчетно судство.

Членовите на Судскиот совет Лорета Горгиева и Миљазим Мустафа во своите излагања ја нагласија важноста на мерењето на перформансите на судовите, вклучително и клучните индикатори за успех. Потенцираа дека собирањето податоци и информации преку кои ќе се подобрат перформансите на судовите се од исклучителна важност во остварување на целта за независен, ефикасен и транспарентен судски систем.

Проектот МАТРА го спроведува Центарот за меѓународна правна помош (CILC) кој има склучено договор со Министерството за надворешни работи на Холандија и во соработка со Судскиот совет на Северна Македонија.