Соопштение од 484-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 484-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2024 година

Соопштенија за јавност  |  18.4.2024

 

 

 

 Соопштение oд 484-та седница на Судскиот совет на РСМ

  

 Судскиот совет на РСМ на 484-та седница одржана на  ден 18.04.2024 го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Разгледан и усвоен е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2023 година и  истиот ќе биде доставен до сите судови  во Република Северна Македонија, како и до Собранието на Република Северна Макеоднија, заради разгледување и усвојување;

 

  1. Донесена е Одлука за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2024 година. Како основ за утврдување на ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно претставуваат извештаите од АКМИС системот за бројот на нерешени предмети со кои судовите ја започнале 2023 година, колку предмети примиле во работа, колку решиле и колку останале нерешени на крајот на 2023 година, како и податоците за бројот на судии кои постапувале во 2023 година, тековниот број на судии во 2024 година и пензионирањата во тековната година и прибавените мислења и предлози од страна на судовите во однос на ориентациониот број на предмети;

 

  1. Донесена е Одлука за  престанок на судиската функција  на Анкица Димитровска, судија на Основниот суд Крива Паланка, поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

  1. Донесена е Одлука за престанок на функцијата судија поротник на  Основен кривичен суд Скопје на Светлана Ѓорѓиевска, поради истек на мандатот;

 

  1. Приговорот од судија на Основен граѓански суд Скопје поднесен против Одлука на претседателот на Основен граѓански суд Скопје  за прераспоредување од еден во друг оддел, се одбива како неоснован;

 

  1. По известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, Советот по едно известување донесе одлука за продолжување на постапката, додека  по расправата едно известување е повлечено за наредна седница;

 

  1. По расправата во врска со Известување за итност на постапка по Извештај  за констатирана состојба по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд се констатира дека  во конкретниот случај не се работи за итна и неодложна работа и разгледувањето и одлучувањето по Извештајот ќе биде на седницата која ќе се одржи по завршување на претседателските и парламентарните избори и

 

  1. Донесена е одлука со која се ставаат вон сила заклучоците на Судскиот совет  на РСМ по однос на обврската за доставување полномошно  од страна на полномошникот гој го застапува подносителот на претставката, односно од чие име и за чија сметка е изразено незадоволство во претставката и дека полномошното не треба да се става  и да се скенира во фолдерот во врска со точката за расправа по претставки и поплаки од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, заведени под бр.02-2153/1 од 15.12.2022 година и бр.02-717/1 од 30.03.2023 година.