Оглас за ЕСЧП 2018 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за ЕСЧП 2018

Risi  |  11 Pri 2018
Судскиот совет на Република Македонија согласно Заклучокот на Владата на Република Македонија од Педесет и седмата седница на Владата на Република Македонија од 06.03.2018 година, објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СУДИИ ОД СУДОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО ПЕРИОД ОД ЕДНА ГОДИНА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СТРАЗБУР
Судскиот совет на Република Македонија согласно Заклучокот на Владата на Република Македонија од Педесет и седмата седница на Владата на Република Македонија од 06.03.2018 година,  објавува
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СУДИИ ОД СУДОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО ПЕРИОД ОД ЕДНА ГОДИНА ВО ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО СТРАЗБУР

 

Судскиот совет на Република Македонија  согласно Заклучок на Владата на Република Македонија од Педесет и седмата седница на Владата на Република Македонија од 06.03.2018 година во врска со Информацијата за можноста за стаж на национални судии/правници во Европскиот суд за човекови права доставена преку Министерството за правда, врши упатување на 1 (еден) кандидат од редот на судиите од судовите во Република Македонија на привремена  работа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур во период од 1 (една) година, со цел за доусовршување и обука, надградување на знаењата и вештините за практична имплементација на Европската конвенција за човекови права и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

 

Критериуми кои треба да ги исполнува кандидатот
Право да конкурираат за упатување на престој и работа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур имаат кандидатите:
  • со најмалку 5 (пет) години судиски стаж;
  • кои во претходните 2 (два) оценувани периоди од страна на Судскиот совет на Република Македонија се оценети со највисока позитивна оцена во работата;
  • кои активно го познаваат  англискиот или францускиот јазик преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори најмалку Б2 (B2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно ИЕЛТС со 6 поени, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 60 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, кое е неопходно потребно за  непречена усмена и писмена комуникација и работа на конкретни предмети, изработка на одлуки и правно истражување и пребарување за потребите на обработка на случаите во Европскиот суд за човекови правa и
  • кои посетувале обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права во претходните 2 години.
           
Начин и рок за пријавување на кандидати
Заинтересираните кандидати, пријавите, заедно со мотивационо писмо и доказ за исполнување на критериумите, ги поднесуваат до  Судскиот совет на Република Македонија во рок од 15 дена од објавувањето на јавниот повик на веб страницата на Судскиот совет contact@ssrm.mk

 

Јавниот повик се објавува на веб страницата на Судскиот совет на Република Македонија.

 

Селекција на пријавите и избор на кандидатите
Селекција на поднесените пријави врши Комисија формирана од страна на Судскиот совет на Република Македонија.
Комисијата при селекцијата ги рангира кандидатите врз основа на следните критериуми:
  • оцена на работата во претходните 2 (два) оценувани периоди (највисоко се рангираат кандидатите со највисока позитивна оцена и кои  во однос на останатите кандидати имаат добиено најголем број на бодови од страна на Судскиот совет на Република Македонија);
  • посетеност на обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права во претходните 2 години (највисоко се рангираат кандидатите кои посетувале најголем број обуки за имплементација на Европската конвенција за човекови права, дома и во странство, што се докажува со сертификати или потврда издадена од Академијата или друг организатор на обуката, па редоследно кандидатите со помал број обуки, се до кандидатот со најмал број на обуки кој е најниско рангиран).

Предлог листата, Судскиот совет ја упатува до Европскиот суд за човекови права кој го врши конечниот избор на еден кандидат за 1-годишен престој и работа во Европскиот суд за човекови права, врз основа на внатрешната регулатива на Судот, согласно објавената информација за распоредување во Регистарот на национални правници.

 

Права и обврски на избраните кандидати
Правата и обврските на кандидатите кои ќе бидат избрани за престој и работа во Европскиот суд за човекови права ги регулира Судскиот совет на Република Македонија врз основа на Законот за судовите.