Соопштение за работна посета во ОС Крушево [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за работна посета во ОС Крушево

Соопштенија за јавност  |  11.12.2017
Работна група составена од членови на Судскиот совет на Република изврши работна посета во Основниот суд Крушево на ден 06.12.2017 година..

СООПШТЕНИЕ

   Работна група составена од членови на Судскиот совет на Република изврши работна посета во Основниот суд Крушево на ден 06.12.2017 година.

    Во рамките на работната посета се изврши увид во работата на судиите во Основниот суд Крушево, во кривична и граѓанска материја и тоа:

  • во делот за почитување на законските рокови за преземање на процесните дејствија;
  • почитувањето на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките;
  • констатирање на евентуален застој во работата на судиите, како и причините за застојот;
  • каква е состојбата со старите предмети во судот;
  • оптовареноста на судиите согласно распоредот за работа и
  • разговор со судиите во насока да се поттикнат веднаш да го информираат Судскиот совет за сите евентуални случаи на политички или друг вид на притисок.