Соопштение од 486-та седница на Судскиот совет на РСМ - 15.05.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 486-та седница на Судскиот совет на РСМ - 15.05.2024 година

Press realeses  |  May 15, 2024

 

 

 

СООПШТЕНИЕ  

од 486-та седница на Судскиот совет на РСМ

Судскиот совет на РСМ на 486-та седница одржана на ден 15.05.2024 година одлучи за следното:

 

  1. Утврдени се кандидатски листи по објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа: 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола;

 

1.

ОПШТА ЛИСТА

За кандидати од Врховен суд на РСМ

 

-Цветанка Периќ-судија на Врховен суд на РСМ и

-Исамедин Лимани- судија на Врховен суд на РСМ.

 

2.

ОПШТА ЛИСТА

За кандидати од апелационо подрачје Битола

 

-Александар Камбовски-судија на Апелационен суд Битола

-Александра Поп Стефанија-судија на Основен суд Охрид и

-Татјана Сусулеска-судија на Апелационен суд Битола.

 

 

  1. Формирана е  Комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите, во состав од:

 

-Субхи Јакупи, судија на Виш управен суд - претседател на Комисија,

-Даниела Димовска, судија на Основен кривичен суд Скопје - заменик претседател на Комисија,

-Емилија Шопар Јованова, судија на Основен граѓански суд Скопје - член на Комисија,

   -Сузана Дончевска, судија на Основен  граѓански суд Скопје- заменик член на Комисија,

- Јелена Кадриќ- Институт за човекови права -  член на Комисија и

- Јелена Кадриќ - Институт за човекови права - заменик член  на Комисија.

 

  1. Донесено е решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Битола за ден 06.06.2024 година.

 

  1. Донесена е  одлука за заклучување на Судскиот изборен именик во врска со објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа: 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола;

 

  1. Разгледан и усвоен е Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд на РСМ, а согласно Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд,  така што како спорни и неприфатливи  се одбиени пријавите на кандидатите: Енвер Амзаи, Афрдита Шеху Асани, Букурије Ајдини и Зоран Герасимовски- судии на Апелациониот суд Скопје;

 

  1. Расправаше по Извештај на Комисијата по доставени приговори на решенија за редовно оценување на судии/претседатели на судови  за период 2019-2022 година и истиот е усвоен;

 

  1. Утврден е престанок на судиска функција на Лидија Ивановска, судија на Управен суд поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

  1. Донесени се Одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Кавадарци и Основен суд Струмица, така што:

 

За судии поротници на Основен суд  Кавадарци се избрани:

 

  1. Дивна Настова;
  2. Мимоза Богоевска;
  3. Билјана Соколова;
  4. Соња Мицева;
  5. Јулијана Димитрова Стојкова;
  6. Диме Крстев;
  7. Јован Костов;
  8. Фердинанд Чејков;
  9. Даница Витанова Богева;
  10. Гоце Недев;
  11.  Елизабета Бошкоска;
  12.  Марија Камчева;
  13. Драган Коцевски;
  14.  Бислим Ќесаси;
  15. Марија Пончева и
  16. Елизабета Атанасова.

 

 

 За судии поротници на Основен суд  Струмица се избрани:

 

  1. Соња Петрова;
  2. Силвана Тупарова;
  3. Аница Аризанова;
  4. Елизабета Христова;
  5. Емилија Пандева;
  6. Катерина Андонова;
  7. Весна Заева;
  8. Костадинка Панова;
  9. Драгица Илиева и

10. Катерина Пишева.

 

 

  1. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кочани и Основен суд Охрид, кој оглас да се објави по завршување на парламентарните избори и формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд по донесена Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кочани и Основен суд Охрид во следниот состав: м-р Ивица Николовски, претседател на Комисијата,  Сашко Георгиев и м-р Селим Адеми-членови на Комисијата и

 

 10.Во врска со одлучување по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, Советот расправаше и донесе одлука за запирање на постапката по поднесеното Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

 

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

 

https://www.youtube.com/watch?v=wynVfmm7rEc

https://www.youtube.com/watch?v=RGCoqUEYDL0