Соопштение од 355-та седница на Судски совет на РСМ - 9.12.2020 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 355-та седница на Судски совет на РСМ - 9.12.2020 година

Соопштенија за јавност  |  09.12.2020

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 355-та седница одржана на ден 9.12.2020 година одлучи за следното:

  1. Усвоен е:
  • Записникот од 352-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 11.11.2020 година.
  1. Донесени се Одлуки за избор на претседатели на:
  • Апелационен суд Штип е избрана Корнелија Давчева судија на Апелационен суд Штип;
  • Апелационен суд Гостивар е избран Беким Мехмеди судија на Апелационен суд Гостивар;
  • Основен суд Кратово е избран Мирослав Георгиевски судија на Основен суд Куманово.

     Претседател на Основен суд Виница не е избран бидејки пријавениот кандидат не го доби потребното мнозинство.

  1. Судија на Основен суд Гостивар по оглас број 09-751/2 од 08.05.2020 година не е избран бидејки Комисијата за проверка на пријавите и комплетност на документите на кандидатите, пријавата на единствениот кандидат за избор на судија во Основен суд Гостивар ја отфрли како некомплетна.
  1. Донесени се одлуки за избор на судии поротници на Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Велес и Основен суд Штип и за престанок на судиии поротници на Основен суд Велес, Основен суд Штип, Основен суд Струга и Основен суд Дебар.
  1. Донесена е Одлука со која е утврдено правото на надомест на патни трошоци за судија кој живее во една а судиската функција ја извршува во друга општина.
  1. Донесена е Одлука  со која е укинато решението на претседател  на суд за додатоци на плата и вратено е на повторно одлучување.
  1. Донесена е Одлука со која жалбите на судијата и нејзиниот бранител поднесени против Одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија се отфрлаат како недозволени.
  1. Разгледани и оценети се извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за третото тромесечие за 2020 година.
  1. Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
  1.  Разно.