Соопштение за 273-та седница на Судски совет на РМ со дополнение на дневниот ред - 14.03.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 273-та седница на Судски совет на РМ со дополнение на дневниот ред - 14.03.2018 година

Известувања  |  09.3.2018
Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2018 година (среда) со почеток во 10,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот дополнет ...

СООПШТЕНИЕ

       Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2018 година (среда) со почеток во 10,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот дополнет:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 273-та седница на Судскиот совет на РМ за ден 14.03.2018 година, со почеток во 10,30 часот        

1.  Усвојување на:
•    Записник од 272-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 15.02.2018 година.

2.  Усвојување на конечни ранг листи на кандидатите за претседател на Апелационен суд Скопје и Основен суд Дебар.

3. Донесување на Одлука за избор на претседател на Апелационен суд Скопје и Основен суд Дебар, по одлука бр.08-1723/1 од 20.12.2017 година.

4.  Донесување на Одлука за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните, апелационите, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија во 2018 година.

5. Донесување на Одлука за утврдување на бројот на слободни судиски места за основните судови во Република Македонија кои ќе се пополнуваат по завршување на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители.

6. Разгледување на извештајот од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите доставен од страна на Министерството за правда.

7.  Продолжување на постапката по 5 (пет) барањa за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија и донесување Одлука.

8.  Разно.
 
       Седницата под точките „6“ и „7“ од Дневниот ред е нејавна.