Соопштение од 168-та седница на Судски буџетски совет - 01.10.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 168-та седница на Судски буџетски совет - 01.10.2021 година

Press realeses  |  Oct 4, 2021

 

СООПШТЕНИЕ ОД

168 СЕДНИЦА НА СУДСКИ БУЏЕТСКИ СОВЕТ

ОДРЖАНА НА 01.10.2021 ГОДИНА

 

Судскиот буџетски совет на ден 01.10.2021 година ја одржа 168-та седница при што разгледа повеќе точки и во рамките на своите законски надлежности:

 

  1. Усвои Записник од 167-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 01.09.2021 година;
     
  2. Донесе Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2021 година за вработените во судската власт кои согласно закон остваруваат право на додатоци на плата;
     
  3. Усвои Информација за постапката за набавка на сервери во судската власт по изготвената техничка спецификација, заедно со Заклучок за продолжување на активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за спроведување на постапката за јавна набавка и Заклучок да се поднесат писмени барања до Министерството за финансии и до Министерството за правда за неопходната потреба за обезбедување на средства за реализација на оваа јавна набавка во 2022 година.  Продолжувањето на активностите за набавката на сервери во идниот период е приоритет на судската власт и на Судскиот буџетски совет. Од реализацијата на оваа активност ќе зависи процесот на дигитализација на судската власт што се спроведува од Министерството за правда по одобрување од Владата на Република Северна Македонија и опфаќа повеќе активности, вклученост на меѓународни донатори во целиот процеси, а исто така е многу важна за европската перспектива на нашата држава.
     
  4. Усвои Одлука за измена на годишната програма за инвестирање заради допрецизирање на веќе одобрените средства за набавка на сервери со утврдување на предвидениот износ за секоја единка корисник, согласно изготвената техничка спецификација;
     
  5. Усвои Информација за потребата на дополнителни средства на единките корисници на судската власт на категорија 42-Стоки и услуги согласно барањата, заради обезбедување услови за непречно работење;
     
  6. Донесе Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-судска власт, програма 20-Судска администрација за категoрија 42-Стоки и услуги, за сметка 603/637 по усвоената Информација за потребата на дополнителни средства на единките корисници на судската власт на категорија 42-Стоки и услуги;
    Донесе Одлука за измена и дополнителна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2021 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка 603/637 согласно усвоената Информација за потребата на дополнителни средства на единките корисници на судската власт на категорија 42-Стоки и услуги ;

     
  7. Разгледа Одговор од Министерството за финансии за Единствениот план за вработување во судовите за 2022 година, и усвои Заклучок СБС да го достави повторно на мислење истиот Единствен план за вработување во судовите за 2022 година со подетални појаснувања за потребите наведени во планот, а до судовите достави укажување да ги достават своите поединечни годишни планови за вработување за 2022 година до Министерството за информатичко општество и администрација заради запазување на законскиот рок за достава на  плановите за вработување до МИОА до 1-ви ноември.