Соопштение од 273-та седница од 14.03.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 273-та седница од 14.03.2018 година

Press realeses  |  Mar 15, 2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 273-та седница одржана на ден 14.03.2018 година одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

                Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 273-та седница одржана на ден 14.03.2018 година одлучи за следното:

1. Усвоен е:
•    Записникот од 272-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 15.02.2018  година.

2. Донесено е Решение за престанок на судиска функција на Љиљана Ивановска Шопова, претседател и судија на Апелационен суд Скопје, поради исполнување на услови за старосна пензија.

3. Донесена е Одлука со која Лидија Димчевска, судија на Апелационен суд Скопје е определена за Вршител на должноста Претседател на Апелационен суд Скопје.

4.  Донесена е Одлука за формирање Комисија за спроведување на вонредно оценување на работата на кандидатите за претседатели на Апелационен суд Скопје и Основен суд Дебар и кандидатите за судии на Врховен суд на Република Македонија и Апелационен суд Скопје за 2017 година и Одлука за формирање Комисија за повторно оценување по изјавени жалби на решенија за вонредно оценување на работата на кандидатите за претседатели на Апелационен суд Скопје и Основен суд Дебар и кандидатите за судии на Врховен суд на Република Македонија и Апелационен суд Скопје за 2017 година

5.  Донесена е Одлука за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните, апелационите, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија во 2018 година.

     Седницата ќе продолжи на ден 19.03.2018 година (понеделник) во 10,00 часот.