Соопштение од 386-та седница на Судски совет на РСМ - 08.11.2021 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 386-та седница на Судски совет на РСМ - 08.11.2021 година

Соопштенија за јавност  |  08.11.2021

 

Соопштение од 386-тата седница на Судски совет

 

На седницата одржана на 08.11.2021 година Судскиот совет согласно чл.89  од Законот за судовите  за вршител на должност, претседател на Основен кривичен суд Скопје го определи Иван Џолев, судија на Основен кривичен суд Скопје.

Судскиот совет го стави во мирување решението на Судскиот буџетски совет со кое на Ивица Николовски, судија на Основен суд Тетово му е утврдено правото на надомест на трошоци за превоз како судија кој живее во една а работи во друга општина за време кога е времено упатен да ја извршува судиската функција во Основен кривичен суд Скопје.

Со решение на Судскиот совет се утврди престанок на судиската функција на Благица Миладиноска Цонева, судија на Основен суд Гевгелија, поради исполнување на услови за старосна пензија.

Судскиот совет донесе одлука со која за Вршител на должност Генерален секретар е назначена Весна Толева-државен советник на Судскиот совет на Република Северна Македонија.