Соопштение од 502-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 502-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

News, Press realeses  |  Oct 16, 2024

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија  на 502-та седница одржана на ден 16.10.2024 година (среда) го измени и дополни дневниот ред и  одлучи за следното:

 

1. Го  усвои записникот од 496-та седница на Судскиот совет на РСМ од 26.08.2024 година, со забелешки и

-го усвои записникот од 497-та итна седница на Судскиот совет на РСМ од 05.09.2024 година, без забелешки;

 

2. Утврди престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Јованка Спировска Панева, судија на Основен граѓански суд Скопје;

 

3. За  судии поротници на Основен кривичен суд Скопје избрани се:Марија Ивановска, Гоце Ристевски и Дејан Несторовски;

-Утврден е престанок на судија поротник на Апелационен суд Скопје, на Зоран Димишков, по негово барање;

 

4. Формира Комисија  за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на Основен суд Кавадарци во состав од: м-р Антоанета Димовска-претседател на Комисијата и Џенета Бектовиќ и м-р Миљазим Мустафа, членови на Комисијата:

 

5. Го разгледа и усвои Извештајот за резултати од проверка на знаење на практична работа со компјутери;

 

6. Расправаше по барањето, односно согласноста за  времено упатување на судијата Илјаз Исмаили за вршење на судиска функција во друг суд и донесе одлука со која Илјаз Исмаили, судија на Основен суд Гостивар времено го упати да ја извршува судиската функција во Основен суд Кичево, сметано од 16.10.2024 година, за период од една година од денот на упатувањето;

 

7. Расправаше по поднесени жалби на ранг листи на кандидати за избор на судии во повисок суд за Апелационен суд Штип и Апелационен суд Гостивар и  ги донесе следните одлуки:

 

-жалбата на Александра Палашевска-судија на Основен граѓански суд Скопје изјавена против предлог ранг листа на кандидати за избор на еден судија на Апелационен суд Штип, за граѓанска област, делумно се усвојува;

-Ранг листата на кандидати за избор на еден судија на Апелациониот суд Штип за граѓанска област останува неизменета.

-жалбата на Александра Палашевска-судија на Основен граѓански суд Скопје изјавена против предлог ранг листа на кандидати за избор на двајца судии на Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област, делумно се усвојува;

-жалбата на Илир Исени-судија на Основен суд Дебар изјавена против предлог ранг листа на кандидати за избор на двајца судии на Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област, делумно се усвојува;

-жалбата на Јехона Садику-судија на Основен граѓански суд Скопје изјавена против предлог ранг листа на кандидати за избор на двајца судии на Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област, делумно  се усвојува;

-Усвоена е ранг листата на кандидати за избор на двајца судии на Апелационен суд Гостивар, за граѓанска област со измени;

 

8. Расправаше по приговор од кандидат Никола Крстески –судија на Апелационен суд Битола изјавен против одлука за неуредна документација по објавен оглас за избор на претседател на Апелационен суд Битола и донесе одлука со која приговорот се отфрла како недозволен;

 

 

9. Расправаше по Извештај на Комисијата за одлучување по приговори за редовно оценување на судиите и претседателите на судовите за период 2019-2022 година и  истиот е усвоен, по што е констатирано е да се изготват и одлуки согласно извештајот;

 

 

10. Расправаше по Извештаи на Комисии за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Крушево, Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш, Основен суд Струмица и Основен суд Гевгелија и истите ги   усвои, така што констатирано е дека пријавата на кандидатот за избор на претседател на Основен суд Струмица е комплетна;

-Донесе одлука за објавување на Оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Крушево, Основен суд Радовиш и Основен суд Охрид,

-Формира Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на погоре наведените судови, во состав од: Павлина Црвенковска –претседател на Комисијата  и Џенета Бектовиќ и Ханиф Зендели  -членови на Комисијата;

 

 

11. Одлучуваше по  барања поднесени од судија за исклучување на јавноста во поведени постапки  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, кои на негови претходни барања беа донесени одлуки за јавност на целокупниот тек на постапките и донесе одлуки со кои се усвојуваат барањата за исклучување на јавноста во  понатамошниот тек на постапките;

 

 

12. Расправаше по Извештаи на Комисии  за констатирана состојба по поднесени  барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесе одлуки:

 

-по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука за разрешување од вршење на судиската функција за повреда по чл.74 став 1 алинеја 2 од Законот за судовите в.в. со член 76 став 1 точка 7 од истиот закон.Воедно, донесе одлука за времено оддалечување од вршење на судиската функција на судијата до правосилно завршување на постапката за утврдување одговорност на судија;

-расправата по еден Извештај за констатирана состојба по поднесено  барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд е одложена до правосилно завршување на постапката за утврдување одговорност на судијата за кој  е донесна одлука за разрешување од вршење на судиската функција;

-по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука за запирање на постапката;

 

-по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука со која на судијата му се изрекува дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 30% од месечната плата на судија во траење од 6 (шест) месеци за сторена дисциплинска повреда по чл.74 став 1 алинеја 2, став 3 алинеја 1  од Законот за судовите в.в. со член 76 став 1 точка 4 од истиот закон.

 

-по едно барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука за запирање на постапката;

 

 

13. Одлучуваше по две известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесе  одлуки за продолжување на постапките и

 

 

14. Формираше Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, при што едно барање за одговорност на судија/претседател на суд е повлечено поради  утврден престанок на судиската функција на судијата поради исполнување на услови за старосна пензија, за кое ќе биде известен подносителот на барањето.

 

Снимката од одржаната седница во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=TJvHeqqBFFc