Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на настан организиран од Адвокатската комора на РСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на настан организиран од Адвокатската комора на РСМ

Njoftim për opinionin  |  5 Qer 2024

 

 

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на настан организиран од Адвокатската комора на РСМ

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева присуствуваше на настан „Денови на македонската адвокатура“, организиран од Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање Претседателката Дамева го истакна значењето на адвокатурата во правосудниот систем, наведувајќи дека квалитетна правда може да се испорача само доколку има силна адвокатура и независно и самостојно судство.

Воедно, го изрази задоволството од заложбите на Адвокатската комора во насока на заштита на угледот и достојно извршување на адвокатската дејност, особено преку нивни предлози при изготвување на Законот за адвокатурата, во кој како услов за упис во Именикот на адвокати е предвидено дека не може да биде запишан судија на кој му престанала функцијата поради утврдена одговорност додека не поминат пет години од конечноста на одлуката, а воедно истакна дека од особено значење е  формирањето на Центарот за едукација, кое е во насока на стекнување на дополнителни знаења во одредени области преку обуки и едукација на адвокатите.

Претседателката истакна дека во наредниот период една од заложбите на Судскиот совет е разгледување на можноста за активно вклучување на адвокатската комора при унапредување на судиите, за кое во моментот нема законска можност, но преку дискусии не е исклучена можноста да се најде начин да се слушне гласот на адвокатите, со цел избор на квалитетни, чесни, совесни, професионални и одговорни судии.

Соработката помеѓу Судскиот совет и Адвокатската комора е во интерес на подобрување на состоjбата во судството, владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните, па обостраните заложби може во голем дел да придонесат за зајакнување на самостојноста и независноста на судството и владеење на правото, кои се основни принципи без кои не може да биде успешен реформскиот процес за членство на нашата Република Северна Македонија во ЕУ.

Судскиот совет и Адвокатската комора досегашната соработка ќе ја продлабочуваат, која наредниот период се очекува да даде видливи резултати.