Соопштение за 272-та седница на Судски совет на РМ - 15.02.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 272-та седница на Судски совет на РМ - 15.02.2018 година

Известувања  |  09.2.2018
Седницата ќе се одржи на ден 15.02.2018 година (четврток) со почеток во 10,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот ...

СООПШТЕНИЕ

       Седницата ќе се одржи на ден 15.02.2018 година (четврток) со почеток во 10,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 272-та седница на Судскиот совет на РМ за ден 15.02.2018 година, со почеток во 10,30 часот        

1. Усвојување на:

       •    Записник од 271-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 23.01.2018  година.

2. Формирање на Комисија за утврдување на бројот на слободни судиски места во основните судови во Република Македонија, за VII-та генерација кандидати на судии во  Академијата за судии и јавни обвинители.

3. Формирање на Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните, апелационите, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Македонија

4. Разгледување и оценување на извештаите за работата на судовите во Република Македонија за четвртото тромесечие за 2017 година.

5. Донесување на одлуки за определување на овластени подносители од редот на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, по поднесените барања за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, до стапување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.197 од 29.12.2017 година).

6. Расправа по Барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност за судија и донесување Одлука.

7. Донесување на одлуки по предлогот на Комисиите за основаноста на барањата за повторување на постапките, по повод конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права.

8. Разно.

                           Седницата под точките „5“, „6“ и „7“ од Дневниот ред е нејавна.