Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Njoftim për opinionin  |  14 Sht 2020

                                              СООПШТЕНИЕ

    Судскиот совет на Република Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности  за следење на работата на судиите и судовите, а во насока на зголемување на ефикасноста на судството изготви Акционен план за вршење на работни посети во судовите во Република Северна Македонија за 2020 година. Акцискиот план беше изготвен уште во март 2020 година, но поради настаната ситуација со вирусот Ковид - 19 работните посети беа прекинати и истите ќе подолжат наредните месеци.
    Работните групи составени од членови на Советот ќе извршат увид во работата на судиите,  во однос на  почитување на законските рокови за преземање на процесни дејствија, почитување на законските рокови за донесување, објавување и изготвување на одлуките, застарените предмети, состојбата со старите нерешени предмети и др. За констатираната состојба во судот ќе изготват извештај кој ќе го достават до Судскиот совет на Република Северна Македонија.
    Акциониот план е објавен на Веб страната на Судскиот совет на Република Северна Македонија.