Јавен повик до здруженијата и фондациите во областа на човековите права и владеење на правото [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен повик до здруженијата и фондациите во областа на човековите права и владеење на правото

Соопштенија за јавност  |  11.11.2019
ЈАВЕН ПОВИК ДО ЗДРУЖЕНИЈАТА И ФОНДАЦИИТЕ ВО ОБЛАСТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО...

    Согласно член 14 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/2019), Судскиот совет на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
ДО ЗДРУЖЕНИЈАТА И ФОНДАЦИИТЕ ВО ОБЛАСТА НА
ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

    Врз основа на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.102/2019),Судскиот совет на РСМ на ден 28.10.2019 година објави Оглас за избор на 1 (еден) член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.222/19).

    Согласно член 14 став 1 и 2 од Законот за Судскиот совет на РСМ, Советот формира Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на судиите. Комисијата се состои од претседател, два члена и нивни заменици. Согласно став 3 од истиот член, претседателот на Комисијата за избор, еден член и нивните заменици се избираат од Здружението на судии на Република Северна Македонија, а еден член и неговиот заменик се избираат од редот на претставниците на здруженијата и фондациите кои работат повеќе од пет години во областа на човековите права и владеење на правото.

   СЕ ПОВИКУВААТ здруженијата и фондациите кои работат повеќе од пет години во областа на човековите права и владеење на правото, во рок од 10 дена од објавувањето на повикот на веб страната на Судскиот совет да номинираат по еден кандидат за член  и негов заменик на Комисијата за избор.

  КРИТЕРИУМИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ КАНДИДАТОТ  

  - Завршени правни студии со стекнати 300 ЕКТС или VII/1степен и
  - кое не е осудено со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна  затвор од најмалку шест месеци.

  Судскиот совет  ја утврдува исполнетоста на условите од член 14 став 3 и 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија и утврдува листа на кандидати за Комисија за избор, од кои по пат на ждрепка се избираат двајца членови и нивни заменици.

                                                                                                                                           СУДСКИ СОВЕТ
      Бр.02-1817/1                                                                                            НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
11  ноември 2019 година                                                                                                Претседател,
           Скопје                                                                                                                      Киро Здравев