Седница на Судски совет на РМ - 28.06.2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Седница на Судски совет на РМ - 28.06.2017 година

Известувања  |  21.6.2017
Седницата ќе се одржи на ден 28.06.2017 година (среда) со почеток во 12,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот ...

СООПШТЕНИЕ

         Седницата ќе се одржи на ден 28.06.2017 година (среда) со почеток во 12,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Македонија со следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 259-та седница на Судскиот совет на РМ за ден 28.06.2017 година, со почеток во 12,00 часот

1. Усвојување на Годишниот извештај за работа на Судскиот совет на Република Македонија за 2016 година.

2. Донесување на Одлука за избор на претседатели на судови и тоа во:

  • Основен суд Гевгелија по одлука бр.08-47/1 од 11.01.2017 година;

  • Основен суд Свети Николе по одлука бр.08-496/2 од 28.03.2017 година;

  • Управен суд  по одлука бр. 08-656/2 од 03.05.2017 година;

  • Основен суд Крушево по одлука бр. 08-656/2 од 03.05.2017 година;

  • Основен суд Куманово по одлука бр. 08-656/2 од 03.05.2017 година.

3. Одлука за определување на Вршител на должност – претседател на  Основен суд Ресен.

4. Донесување на Одлука за утврдување на престанок на функција судија-поротник на Основен суд Берово и Основен суд Свети Николе, поради истек на мандатот за кој се избрани и Одлука за избор на судии-поротници на Основен суд Берово, Основен суд Свети Николе и Основен суд Радовиш.

5. Донесување на одлука за времено упатување на судии.

6. Определување на известител од редот на членовите на Судски совет на Република Македонија по поднесено барање за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција од Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија.

7. Разно.


         Седницата под точка „6“ од Дневниот ред е нејавна.         


.